ПРАВИЛА НА ИГРА

Содржина и услуги на Канал 77 порталот и нивна употреба

Регистрација на корисници на Канал 77 порталот

Со овие услови и правила овозможено Ви е користење на услугите и содржините од Канал 77 порталот односно користење на сите страници од Канал 77 порталот и сервиси кои припаѓаат на доменот www.kanal77.com.mk (понатаму во текстот Канал 77). Со прифаќањето на овие услови и правила се подразбира дека сите корисници во секој момент се запознаени со условите за користење и во целост ги разбираат и прифаќаат. Радио Мрежа Канал 77 на своите корисници им нуди пристап до мноштво различни интернет сервиси и содржини. Радио Мрежа Канал 77 го задржува правото да ги укине или да го промени изгледот, содржината и условите за користење на Канал 77 порталот како и на сите сервиси и подстраници кои се составен дел на Канал 77 порталот без никакви обврски за претходна најава. Радио Мрежа Канал 77 не одговара за било каква штета настаната поради тие промени. Со прифаќање на овие услови за користење корисникот се согласува услугите на Канал 77 да вклучуваат реклами, известувања, пораки од администратор и слични пораки на Радио Мрежа Канал 77 за редовно информирање на посетителите/корисниците на порталот и нормално функционирање на сите услуги и содржини на Канал 77. Радио Мрежа Канал 77 во целост се откажува од секаква одговорност која на било кој начин може да настане од или на било кој начин, а е во врска со користење на Канал 77 порталот за било какво работење на корисникот/посетителот употребувајќи или злоупотребувајќи ги содржините на Канал 77 порталот, и за било каква штета која може да се случи на корисникот/посетителот или било која трета страна поради употреба или злоупотреба од користењето на содржините на Канал 77 порталот. Со регистрирање за услугите на Канал 77 порталот корисникот добива податоци за корисничката сметка - корисничко име и лозинка. Корисникот е должен да ги чува податоците за корисничката сметка и во потполност е одговорен за штетата настаната од неавторизирано користење на својата корисничка сметка. Завршувајќи ја регистрацијата корисникот прифаќа одговорност за сите активности поврзани со користење на услугите на Канал 77 Порталот.


Обврски на корисниците при користење на Канал 77 портал
Авторски права

На корисниците на Канал 77 порталот не им е дозволено:
  • a) Објавување, испраќање и размена на содржини кои ги прекршуваат постојните закони на Република Македонија или меѓународни закони, содржини кои се навредливи, вулгарни, порнографски, заканувачки, расистички или шовинистички и штетни на било кој друг начин.
  • b) Објавување, испраќање и размена на информации за кои посетителот знае или претпоставува дека се лажни, а чие користење би можело да нанесе штета на други корисници
  • c) Лажно претставување во име на други правни или физички лица
  • d) Манипулирање со информации со цел да се скрие потеклото на содржините кои се објавуваат или праќаат преку услугите на Канал 77 порталот
  • e) Објавување, испраќање и размена на содржини кои се заштитени со авторски права, во согласност со закон
  • f) Објавување, испраќање и размена на содржини на корисници без нивно барање или согласност
  • g) Свесно објавување, испраќање и размена на содржини кои содржат вируси или слични компјутерски датотеки или програми создадени со цел да се уништи или ограничи функционирањето на било кој компјутерски софтвер и/или хардвер и комуникациска опрема
  • h) Користење на Канал 77 порталот на било кој начин за испраќање односно поттикнување ширење на небарани комерцијални содржини (спамирање)
  • i) Собирање, чување и објавување на лични податоци на други посетители на порталот и корисници


Заштита на приватноста и тајноста на податоците

Линкови на други веб страници и содржини добиени од корисниците
Укинување и забрана за користење на услугите на Канал 77 Порталот

Радио Мрежа Канал 77 се обврзува да ја почитува анонимноста и приватноста на своите корисници и посетители на Канал 77 порталот. Радио Мрежа Канал 77 може да собира лични податоци на корисници/посетители само со нивна изречна согласност. Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со Законот за Заштита на личните податоци како и Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци Наведените податоци ќе се користат со цел информирање на корисникот, подобар увид и разбирање на потребите и барањата на корисниците на Канал 77, одржување на содржината и функционалноста порталот како и развој на можности за поквалитетно давање услуги. Радио Мрежа Канал 77 се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Канал 77 порталот содржи и документи, податоци, информации и врски до други Интернет страници креирани од трети лица (линкови) кои ќе бидат обележани како такви, секогаш кога тоа е можно. Радио Мрежа Канал 77 нема надзор над наведените документи, податоци, информации и други интернет страници и во целост се откажува од секаква одговорност врзана за содржината на интернет страниците креирани од трети лица. Радио Мрежа Канал 77 не е одговорен за содржината на страниците кои огласуваат на Канал 77 портал, ниту за било каква штета која настанала поради рекламирање на Канал 77 порталот. Деловните односи помеѓу огласувачите и корисниците на Канал 77 порталот и надвор од него исклучиво се засновани на деловен договор помеѓу огласувачот и корисникот и Радио Мрежа Канал 77 не е одговорен за било каква можна штета која би произлегла од таков деловен однос. Радио Мрежа Канал 77 не ја контролира содржината која ја разменуваат корисниците и не може да гарантира точност, потекло или квалитет на таквите содржини. Во случај да открие дека некоја содржина ги крши правните прописи на Република Македонија или го нарушува угледот на Канал 77 порталот како медиум, Радио Мрежа Канал 77 го задржува правото да ја отстрани таа содржина од Канал 77 порталот без претходно известување. Радио Мрежа Канал 77 нема на било кој начин да одговара за содржина или губење и оштетување на содржина кое настанало заради користење на Канал 77 порталот. Радио Мрежа Канал 77 го задржува правото содржините кои ги објавуваат или разменуваат корисниците на Канал 77 порталот да ги користи за промотивни цели. Радио Мрежа Канал 77 го задржува правото да ги прекине или ограничи можностите за користење на корисничката сметка и/или една или повеќе услуги за кои корисникот е регистриран, без претходна најава и/или објаснување. Радио Мрежа Канал 77 не одговара за било каква штета која настанала со укинување на корисничката сметка и/или една или повеќе услуги за кои корисникот е регистриран.
Со почит Интернет Технолошки Центар на Радио Мрежа Канал 77