По анализата за потребата од индустриските зони во 9-те пелагониски општини, фондацијата за одржлив економски развој Преда плус ја анализира потребата од технолошките паркови, како модел кој го дефинира идентитетот на одредената локација.
„Изработивме на предфизибилити студија за технолошки парк Пелагонија. Тоа е проект што беше финансиран од американска агенција УСАИД и има за цел да направи анализа за можностите за основање на технолошки паркови на ниво на пелагонискиот регион” - вели Филип Секулоски програмски координатор во Преда.
Досегашните согледувања предвидуваат можности за два технолошки паркови во Пелагонскиот регион.
„Во Пелагонискиот регион постои можност да се основаат два технолошки парка, од кој едниот би бил со седиште во Битола и тој би се фокусирал на прехранбената индустрија, а другиот би можел да се направи во Прилеп кој што би бил фокусиран на информатичката технологија” - вели Секуловски.
Во соседните земји веќе функционираат вакви паркови со цел стопанствениците да отворат нови бизниси, да добијат професионална поддршка, истражување и развој на фирмата и соработка со националните и со локалните власти. Кај нас се најавуваше отворање на ваков парк и од страна на битолскиот универзитет кој изработи физибилити студија за развој на технолошки парк во Битола, предложен од експерти за технолошки парк од Грција, но засега од тоа нема ништо на повидок.