Програмски Прозорци

Проекти

romskosemejstvo

domeslatkidome

mediaplus

Prikazni

Наши Пријатели

kozuvcanka_kvadrat_copylogo-zvsbriliant_f

Канал 77 на Facebook

од Wеb@Канал77
.. :: Радио Мрежа Канал 77 :: ..
Илјадници луѓе заробени во Грција поради кризата со гориво PDF Е-пошта
Македонија
Напишано од Билјана Лајмановска   
AddThis Social Bookmark Button
606Сто илјади туристи од Македонија, Србија, Бугарија и Романија кои патуваат со сопствен автомобил се заглавени во северна Грција заради штрајкот на камионџиите, кој ги остави без гориво бензинските пумпи.
Туристичките агенции се жала дека штрајковите сериозно го нарушуваат имиџот на земјата, објавувајќи дека само во последните два дена им биле откажани речиси 10% од резервациите за Грција.
 
Навреди и обвинувања „за збогум„ пред распустот на пратениците PDF Е-пошта
Македонија
Напишано од Јованка Царулеска   
AddThis Social Bookmark Button
605Министерката за внатрешни работи,земјава ќе ја памети по периодот во кој се инсталираше полициска држава-нагласи социјалдемократот Јани Макрадули,образложувајќи ја интерпелацијата која опозицијата ја поднесе  по собранискиот инцидентод 1 јули.
„Вие ни пресудивте уште пред 1 јули, белешките беа напишани уште пред да почне расправата, а за што?
 
Струмица 2014 на струмичкото ВМРО ДПМНЕ не се презентираше PDF Е-пошта
Македонија
Напишано од Ване Трајков   
AddThis Social Bookmark Button
604Саботажа или технички проблем. Синока на локалитетот Цареви кулит под отоврено небо на ОК на вмро дпмне требаше да ја презентира програмата Струмица 2014 на Цареви кули.  Но од презентацијата ништо. Струја на цареви кули немаше.Аудио и видео презентацијата на најавуваната програма изостана.
 
Заев - Згради со базенти ке никнат во струмичката касарна PDF Е-пошта
Македонија
Напишано од Ване Трајков   
AddThis Social Bookmark Button
603Градоначалникот на Струмица Заев во струмичката касарна очекува да никне модерна и современа населба. Колективни згради со базенти заеднички домари фризери. Вака  објаснува градоначалникот на Струмица по донесениот урбанистички план за струмичката касарна. Најверојатно нив ги градат италијански инвеститори кои покажале интерес за ова намена Вели Заев.
 
Пронајдено јајце со сончеви зраци на лушпата PDF Е-пошта
Македонија
Напишано од Петар Димоски   
AddThis Social Bookmark Button
601Прилепчанецот Диме Цекоски вчераутро бил пријатно изненаден за време на вообичаената посета на неговата мала фарма на излезот од градот по стариот пат за Битола. Како и секое утро пошол да ги собере јајцата што ги снеле кокошките  при што забележал едно необично:
-Одгледувам стопка повеќе од 20-тина години: кожи, крави, кози.
 
Србија се коцка со кандидатурата во ЕУ PDF Е-пошта
Регионални Вести
Напишано од Емилија Јовчевска   
AddThis Social Bookmark Button
599Поднесувајќи резолуција во Советот за безбедност во Обединетите нации(ОН), без консултација со големите сили, Србија влезе во многу ризична фаза, ставајќи ја на коцка својата кандидатура во Европската унија(ЕУ).
Ова во петок го пишува весникот „Блиц“, повикувајќи се на изјави на дипломати и домашни експерти за меѓународна политика.
 
Светските милијардери се населуваат во Црна Гора PDF Е-пошта
Регионални Вести
Напишано од Емилија Јовчевска   
AddThis Social Bookmark Button
597Десетина светски познати милијардери се во процедура за добивање на црногорско државјанство, а најголем дел од нив веќе купиле луксузни апартмани во Тиват.
Како што пишува подгоричкиот весник „Побједа“, најзвучно има од идните жители на Црна Гора бил поранешниот мнозински сопственик на Формула 1, Еди Џордан.
 
Српските туристи во странство трошат 600 милиони евра PDF Е-пошта
Бизнис
Напишано од Игор Стојанов   
AddThis Social Bookmark Button
595Туристите од Србија во текот на летото од земјата изнесуваат дури 600 милиони евра кои ги трошат во Грција, Хрватска, Црна Гора и Турција, пренесе Danas.hr. За тие пари, посочуваат економистите, Србија би можела да изгради автопат долг 300 километри или четири моста. Најмногу пари, или околу 250 милиони евра, Србите им оставаат на Грците. Советникот и шеф на конзуларното одделение на српската амбасада во Атина Јовица Чекиќ изјави дека лани во Грција летувале над 350.000 Срби, но и дека оваа година бројот е значително зголемен.
 
Поголемата понуда малку ја намали цената на становите во Штип PDF Е-пошта
НОСТАЛГИЈА
Напишано од Весна Крстева   
AddThis Social Bookmark Button
602Економската криза засега не остава некои позабележителни траги на побарувачката и понудата на станови во Штип.Во овој период има мал пораст на понудата , но побарувачката останува иста, вели Соња Катарова, сопственичка на агенцијата ,,Флорида,,
-Тоа ја намали цената на становите, но многу минимално. Тие и понатаму се високи за штипски услови. -додава Катарова. Во овој период граѓаните тешко доаѓаат и до станбени кредити.
 
Словенија не сака да и’ помага на Грција PDF Е-пошта
Регионални Вести
Напишано од Емилија Јовчевска   
AddThis Social Bookmark Button
600Три словенечки партии Словенската демократска странка, на Јанез Јанша, Словенската национлна странка и Словенската граѓанска странка поднесоа барање до тамошниот Уставен Суд за процена на уставноста на законот со кој земјата се обврза да придонесува за напорите за стабилизација на еврото ако освен, Грција, би требало да спасува уште некоја членка на еврозоната.
 
Алијанса на железниците на Србија , Хрватска и Словенија PDF Е-пошта
Регионални Вести
Напишано од Емилија Јовчевска   
AddThis Social Bookmark Button
598Српскиот министер за инфраструктура Милутин Мркоњиќ  ќе потпише денеска  со словенечкиот министер за транспорт Патрик Влачиќ и хрватскиот министер за море, транспорт и инфраструктура Божидар Калмет договор за основање на заедничко железничко претпријатие на трите држави, пренесуваат медиумите.
 
Шпанија со 20% невработеност PDF Е-пошта
Бизнис
Напишано од Игор Стојанов   
AddThis Social Bookmark Button
596Стапката на невработеност во Шпанија на крајот на јуни надмина 20 отсто, прв пат по 1997 година. Според Националниот институт за статистика, стапката на невработеност достигнала 20,09 отсто. Истовремено е соопштено и дека бројот на вработени на територијата на Шпанија во последното тромесечје е зголемен. Според локалните власти, последното зголемувањето на невработеноста се должи на порастот на работната сила во државата.
 
Зголемени прелетите над Македонија PDF Е-пошта
Бизнис
Напишано од Игор Стојанов   
AddThis Social Bookmark Button
594Македонскиот воздушен простор во јуни го прелетаа 13.386 воздухоплови што е апсолутен рекорд за овој период од годината. Според податоците од Eurocontrol во јуни 2010 М-НАВ регистрира зголемување на бројот на наплатни единици од прелетите за 6,2 отсто во однос на истиот период минатата година.
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 51

Најнови Бизнис Вести

Барселона планира такса за туристите
Каталонскиот град Барселона планира да воведе  такса за туристите од едно евро по човек,  за еден ден престој, изјави портпаролот на Агенцијата за туризам на  Барселона Габриел Гилера. „Ја проучивме таа можност и дојдовме до заклучок дека оваа мерка може да биде имплементирана во стратегискиот план за туризмот во градот.
Читај повеќе...

Вести од регионот

Приведени двајца Саудијци осомничени за шпионажа на раководството на РС
Двајца државјани на Саудиска Арабија се приведени под сомнение дека во близина на Сараево ги шпионирале највисоките функционери на Република Српска(РС).
Читај повеќе...
 Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување. Радио Мрежа Канал 77 © 2010. ..:: Канал 77 ::.. - Официјален портал на радио мрежа Канал 77.

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter